17 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШвајцарските извозници се справија со шокот од франкот

Швајцарските извозници се справија со шокот од франкот

made svic 3

Швајцарската извозна индустрија се претстави добро во минатата година и покрај шокот со франкот.

Благодарение на силната побарувачка на швајцарски стоки во САД, извозот се намалил реално со едвај 0,7 отсто до 202,9 милијарди франци. Ова е трет по големина промет на сите време, појаснуваат швајцарските царински власти, цитирани од агенциите.

Ако се земе предвид влијанието на инфлацијата и девизните ефекти, тогаш се добива минус од 2,6 отсто.

„Извозниците изнеле речиси иста количина на стока, но добиле помалку пари за неа“, појаснува економистот на „Credit Suisse“ Бетина Руци Остерман.

Извозот за Европа се намалил во номинален однос од 5%.

Потсетуваме дека преку сериозни по обем интервенции во текот на три години, Швајцарската национална банка (SNB) успеваше да го ограничува поскапувањето на швајцарскиот франк, но во почетокот на 2015-та година изненадувачки беше отстранет минималниот девизен курс од 1,20 франци за едно евро и ги испрати каматните ниво во уште понегативна територија што значително ја поскапи локалната валута. Тоа ги направи значително поскапи швајцарските стоки во Европа. Многу компании мораа да ги намалат цените за да може да ја издржат меѓународната конкуренција. Дел од падот на побарувачката во Европа, Конфедерацијата успеа да ја надомести преку растот на извозот во САД за 6%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП