3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСловенија во минус а не бара помош

Словенија во минус а не бара помош

slovenija1

Според анализата на Централната банка, економската активност на Словенија оваа година ќе се намали за 1,9 проценти, а дури во 2014 ќе забележи благ пораст.

Стопанската комора на Словенија предвиде пад на економските активности од два проценти и пораст во наредната година од 0,1 проценти.

Истото го предвидоа и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Европската комисија и Европската банка за обнова и развој.

Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) во ноември минатата година предвидуваше 2,1 проценти пад на активностите во Словенија за 2013 година.

Бостиан Јабец, новиот гувернер на Централната банка на Словенија, кој на должност ќе дојде во јули, изјави дека на Словенија нема да и биде потребна меѓународна финансиска помош за решавање на кризата.

„Мерките кои ги примени претходната влада, а кои ги продолжи и сегашната, се гаранција дека нема да биде потребно повторно да молиме за помош“, изјави тој.

Според истражувањето на „Дело“, чии резултати беа објавени денес, повеќето анкетирани лица сметаат дека нивните депозити во словенечките банки се безбедни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП