23 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на нафтата над 30 долари, поддршка дава можноста за намалување на...

Цената на нафтата над 30 долари, поддршка дава можноста за намалување на понудата

nafta 93939

Цената на нафтата се стабилизираше на светските берзи над ниво од 30 долари, поттикната од надежите дека клучните производители би можеле да постигнат договор за сузбивање на прекумерната понуда.

На лондонската берза цената на барелот порасна за 37 центи во однос на вчерашното затворање и изнесуваше 30,87 долари. Вчера тргувањето го заклучи во минус 1,68 долари. На американската берза барелот денеска поскапе 34 центи, на 30,68. Вчера тргувањето го заврши во минус 1,85 долари.

Вчера нафтените пазари ги притисна податокот за рекордна добивка на ирачкото производство во декември, кое повторно го насочи вниманието на инвеститорите кон прекумерната понуда. Неименуван функционер денеска порача дека може и дополнително да биде зголемено производство во оваа година.

Слични изјави стигнуваат и од други водечки држави во рамки на OPEC, како што се Кувајт и Саудиска Арабија, кои сигнализираат дека ниските цени на нафтата нема да ги одвратат од инвестициите во енергетски проекти.

Вниманието на инвеститорите денеска беше насочено кон повторениот апел на OPEC до конкурентските производители да се координираат за намалување на производството. Русија засега одбива соработка, но ирачкиот министер за нафта вели дека забележува знаци на флексибилност во насока на договор на членките на OPEC и производителите вон картелот.

„Доколку не биде постигнат договор за производство, фундаментите укажуваат на пониски цени на нафтата. Доколку сепак биде постигнат договор, цената ќе се движи кон распон од 40 до 60 долари за барел“, вели Дејвид Хафтон од PVM.

Денешниот раст на цената сепак беше ограничен од загриженоста за побарувачката, откако најновите показатели од Кина покажуваат пад на обемот на товарен железнички сообраќај за 11,9 отсто во 2015 година. Овој податок се смета за значителен показател за состојбата во кинеската економија, па неговиот пад повторно ја актуелизираше загриженоста за вториот по големина потрошувач на нафта на светот.

Во фокус на инвеститорите е и дводневната седница на американската централна банка, поради евентуални насоки за натамошно движење на курсот на доларот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП