2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБесконтактните картички ги катапултираа приходите на Visa Europe

Бесконтактните картички ги катапултираа приходите на Visa Europe

visa-beskontaktni

Популарните бесконтактни картички ги катапултираа приходите на Visa Europe во 12-месечниот период заклучно со јуни 2015 година, соопшти во вторникот компанијата.

Приходите на Visa Europe во годината заклучно со јуни 2015 година скокнаа за 25 отсто, на рекордни 2,31 милијарди евра, се истакнува во извештајот. Во овој период во Европа преку картиците на Visa биле потрошени 1.580 милијарди евра, што е за 7,7 отсто повеќе на годишно ниво, со оглед дека потрошувачите навалија на бесконтактни картички кои им овозможуваат плаќање без потпис, односно со внесување на ПИН.

Вкупно во употреба се пуштени 522 милиони картички на Visa во Европа, што значи дека секое полнолетно лице има повеќе од една. Со дебитните и кредитните картички се плаќа едно евро од секој 5,7 евра потрошени во Европа, известија од компанијата.

„Трансакциите со бесконтактни картички вртоглаво растат- во 2015 година ја пречекоривме границата од една милијарда бесконтактни трансакции годишно“, се врли во соопштение.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП