17 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАИстражување на Харвард: Луѓето ве оценуваат врз основа на две работи

Истражување на Харвард: Луѓето ве оценуваат врз основа на две работи

Group of business colleague working together

Еми Кади од Харвард веќе 15 години се занимава со проучување на механизмите со чија помош ги донесуваме првите впечатоци за лицето кое само што сме го запознале.

Во нејзината најнова книга „Presence“, Кади наведува дека луѓето си ги поставуваат следните две прашања кога прв пат ќе ве сретнат:

Можам ли да и верувам на оваа личност?

Можам ли да ја почитувам оваа личност?

Психолозите овие прашања и ги препишуваат на категоријата доверба и компетентност, а совршено би било кога би дале впечаток дека ги исполнувате и двата услова.

Интересно е дека повеќето луѓе, особено во професионалното опкружување, ја сметаат компетентноста за важен фактор. На крај, сите сакаат да докажат дека се доволно паметни и талентирани за обавување на работата.

Меѓутоа, довербата или топлината убедливо е најзначајниот фактор врз чија основа другите ве проценуваат.

Зошто довербата е клучна?

„Од еволутивна перспектива, многу е значајно за нашиот опстанок да знаеме дали некоја личност ја заслужува нашата доверба или не“, наведува Кади и додава дека, дури кога е воспоставена довербата, се преминува на евалуацијата на другите особини.

Меѓутоа, со желба да се покажат способни, вредни и паметни, луѓето најчесто избегнуваат да замолат за помош или ги избегнуваат друштвените случувања, поради што можат да делуваат резервирано.

Луѓето кои премногу се трудат можат да бидат многу непријатно изненадени кога ќе сфатат дена не ја добиле понудата за работа бидејќи работодавецот не стекнал впечаток дека може да им верува, пишува Independent.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП