19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИJohnson Controls го купува Tyco и го сели седиштето во Ирска

Johnson Controls го купува Tyco и го сели седиштето во Ирска

johnson

Американскиот производител на акумулатори за автомобили, опрема за греење и вентилации Johnson Controls ќе го купи ирскиот конкурент Tyco International  за 16,5 милијарди американски долари, а планира и да го пресели седиштето во Ирска, соопштија двете компании.

Проценетата вредност на Johnson Controls, компанија со седиште од Милвоки, достигнуваа 22,5 милијарди долари, а на ирски Tyco, специјализиран за системи за заштита од пожар, 14,2 милијарди долари.

Со договорот се очекува да се постигне заштеда во работењето од најмалку 500 милиони долари во првите три години, се наведува во заедничкото соопштение. Компаниите очекуваат и дополнителна заштеда од 150 милиони долари преку даночна синергија.

Со преместувањето ан своето седиште во Корк во Ирска, Johnson Controls ќе биде најновата голема американска компанија која ќе изврши таканаречена даночна инверзија, откако производителот за лекови Pfizer во ноември минатата година структуираше таков договор со ирскиот конкурент Allergan.

Иако даночните олеснувања не се многу големи во договорот помеѓу Pfize и Allergan, веста беше доволна да предизвика контроверзи меѓу политичарите во САД, каде следната година се одржуваат претседателски избори.

„Имам детален план веднаш да гја сопрам инверзијата и да поттикнам инвестиции во САД, да ги блокирам договорот како оној помеѓу Johnson Controls и Tyco и да воведам „излезен данок“ за компаниите кои ја напуштаат земјата за да ги анмалат своите даночни сметки“, истакна во соопштение кандидатката за претседател од Демократската партија, Хилари Клинтон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП