24 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЏонас може да ги чини САД околу 3 милијарди долари

Џонас може да ги чини САД околу 3 милијарди долари

bura sneg 353

Силната снежна бура „Џонас“ која во последните денови ги погоди источните региони на САД, може да ги чини луѓето и бизнисите 2,5 – 3 милијарди долари. Оваа проценка ја објавија експерти од агенцијата за рејтинг „Moody’s“.

Според пресметките главниот дел од финансиските загуби ќе се од загубата на профит. Тие се акумулираат, бидејќи поради снеговите, клиентите не можеле да купат стоки или да платат за услугите. Затворени беа ресторани, установи, продавници и слично. Многумина од вработените не можеа да одат на работа.

Како што велат аналитичарите на„ Moody’s“, сепак штетите од финансиски карактер од невремето „Џонас“ не се толку големи, бидејќи во октомври 2012-та година ураганот „Сенди“ го лиши бизнисот секторот од приходи во износ од 26 милијарди долари и причини штета за 45 милијарди долари. Најголемите финансиски загуби сепак причини ураганот „Катрина“. Тогаш пропуштените придобивки беа 28 милијарди долари, а штетата изнесуваше 129 милијарди долари.

Последните податоци покажуваат дека бројот на загинатите луѓе, како резултат на снежната бура во САД, во последните денови достигна 38 лица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП