10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДеловните резултати на McDonald’s ги надминаа очекувањата

Деловните резултати на McDonald’s ги надминаа очекувањата

McDonalds_2192474b

Деловните резултати на американскиот ланец ресторани за брза храна „McDonald’s“ во четвртиот квартал од 2015 година ги надминаа очекувањата.

Овие резултати „McDonald’s“ ги оствари благодарение на воведувањето на целодневната понуда за служење на појадок во САД и силната побарувачка во Кина.

Глобалната продажба на „McDonald’s“ пораснала за пет проценти, што е над очекувањата на аналитичарите кои прогнозираа скок на продажбата од 3,2 проценти, додека продажбата во нивните ресторани во САД, отворени најмалку 13 месеци, скокнала за 5,7 проценти, а аналитичарите очекуваа дека ќе изнеусва 2,7 проценти, пренесува агенцијата Ројтерс.

Нето профитот на „McDonald’s“ во три месеци заклучно со 31. декември 2015 година, порасна на 1,21 милијарди долари или 1,31 долари по акција, од 1,1 милијарди долари или 1,13 долари по акција во истиот период во 2014 година.

Економистите и тука потфрлија бидејќи очекуваа профит од 1,23 долари по акција.

Приходите, од друга страна, се намалија за 3,5 проценти, на 6,34 милијарди долари, најмногу поради силниот долар, но и понатака над очекувањата на аналитичарите кои предвидоа дека тие ќе изнесуваат 6,22 милијарди долари.

„McDonald’s“ во октомври минатата година во рестораните во САД воведе целодневна понуда за служење на појадок, со настојување да привлече поголем број на потрошувачи.

„Откако влеговме во 2016 година, очекуваме продолжување на позитивниот замав во сите сегменти“, изјави генералниот директор на „“ Стив Истербрук, кој минатата година дојде на оваа позиција.

По објавувањето на најновите вести, акциите на „McDonald’s“ на берзата пораснаа за три проценти, наведува британската агенција Танјуг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП