18 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАДејвид Духовни доби ѕвезда на Шеталиштето на славните во Холивуд

Дејвид Духовни доби ѕвезда на Шеталиштето на славните во Холивуд

duhovni

Актерот Дејвид Духовни, ѕвезда на култната серија „Досиејата Икс“, доби ѕвезда на Шеталиштето на славните во Холивуд во понеделник, во моментот кога почнува емитувањето на нова сезона од оваа серија.

„Ова е натприроден момент, натприроден настан. Имам чувство дека сум на филм, чудно е. Но прекрасно е да се биде овде со многу пријатели, почестен сум“, реле актерот кој во серијата го толкува ликот на специјалниот агент Фокс Мулдер.

Овој лик од неделата повторно се појавува во новата мини-серија, покрај својата легендарна партнерка Скули.

Новите епизоди добија поделени критики, но фановите искажа воодушевување на социјалните мрежи.

„Не сум сигурен дали ќе биде успешна, но убеден сум дека повторно направивме добра серија“, рече 55 годишниот актер за враќањето на „Досиејата Икс“.

Духовни, роден њујорчанец, освои Златен глобус за улогата на Мулдер во 1997 година, а истата награда ја освои и во 2008 година за улогата на Хенк Муди во „Калифорникација“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП