21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАОткажани 116 летови на „Туркиш ерлајнс“ од Истанбул поради снег

Откажани 116 летови на „Туркиш ерлајнс“ од Истанбул поради снег

sneg ataturk 33

Турскиот национален авиопревозник „Туркиш ерлајнс“ откажа вкупно 116 летови од и кон истанбулските аеродроми „Ататурк“ и „Сабиха Ѓокчен“, што беа планирани за денеска и за утре, поради тоа што се очекуваат обилни снежи врнежи во реонот на Истанбул.

Како што пренесе електронското издание на весникот „Хуриет“, сите патници кои во вторник и во среда требало да патуваат со авионите на „Туркиш ерлајнс“ од или кон Истанбул, подетални информации за откажувањата може да добијат на веб страницата на авиокомпанијата.

Поради лошите временски услови во Истанбул, локалните власти објавија дека во прекин ќе биде и сообраќајот на чамците и траектите преку Босфорот, кои ги поврзуваат европскиот и азискиот дел на градот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП