18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на светското производство на челик

Пад на светското производство на челик

celik proizvods

Светското производство на челик минатата година паднало за 2,8 отсто, на 1,62 милијарди тони, по петгодишен константен раст.

Според податоците на Светската асоцијација за челик, Кина како најголем потрошувач и произведувач на челик, лани произвела 803,8 милиони тони челик, 2,3 отсто помалку во однос на 2014 година.

И покрај тоа, нејзиниот удел во глобалното производство на челик пораснал 0,2 процентни поени на 49,5 отсто, пренесуваат светските агенции.

„Производството на сиров челик минатата година е намалено во сите региони, освен во Океанија“, се наведува во извештајот на Светската асоцијација за челик.

Од оваа Асоцијација уште додаваат дека тоа е прв годишен пад на производството од 2009 година, кога вкупното производство изнесуваше 1,24 милијарди тони.

Во октомври минатата година Светската асоцијација за челик прогнозираше раст на глобалната побарувачка на челик во минатата година од 1,7 отсто, по што за оваа година е прогнозирано зголемување на побарувачката за 0,7 отсто.

Производството на челик во Јапонија, втор најголем производител во светот, е намалена минатата година пет отсто на 105,2 милиони тони, додека производството во Индија пораснало 2,3 отсто на 83,2 милиони тони.

„Европските држави минатата година произвеле 166,2 милиони тони сиров челик, што е пад од 1,8 отсто во однос на 2014“, велат од Светската асоцијација за челик.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП