27 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако успешно да преговарате

Како успешно да преговарате

pregovarach1

За секој кој ќе се најде во деловното опкружување, преговарањето е неизбежно, а вештината за преговрање секако е пожелна за да ни помогне да се избориме за подобра позиција во сопствената работна околина.

Нaјдобро е да завземете едноставен став и преговарањето да го сватите како игра во која треба да победите. Притоа, најважно е да се изборите за поголем број на услови околу кои ќе преговарате.

За постигнување на успехот потребно е за завземете цврст став и да обезбедите квалитетни аргументи кои ќе го поткрепат вашиот говор.

Квалитетните аргументи, освен во залагањето за своите ставови и барања, можат да бидат корисни и во извлекувањето од непријатните ситуации. Друг важен чекор е да поседувате огромен број на информации за темата за која преговарате, треба да ви бидат истражени сите можни полиња кои се поклопуваат со вашата тема.

Добриот преговарач мора да знае да ја процени ситуацијата за да може во согласност со ситуацијата да ги извлече позитивните страни во негова корист. Иако општиот впечаток дека гласните, агресивните и бестрашните личности се врвни преговарачи, тоа не е навистина така.

Таквиот став може да има негативно влијание со кое целосно може да се промени разговорот и да ги изгубите сите адути кои сте ги имале, за таквите преговарачи во денешно време се смета дека не се доволно интелегентни и дека своите недостатоци ги прикриваат со создавањето врева.

Многу е важно да се избегнат и грешките. При одредувањето на целите потребно е да се биде реален, во ниту еден случај не треба да си дозволите да го потцените соговорникот, доколку нешто тргне наопаку обидете се да ја смирите ситуцијата и направете и двете страни да бидат задоволни.

Вистинскиот преговарач е чесен, фокусиран кон својата цел, со почитување на двете страни, флексибилен и брзо и сигурно ги донесува своите одлуки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП