17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Македонска берза блок трансакција со акциите на АД Благој Ѓорев

На Македонска берза блок трансакција со акциите на АД Благој Ѓорев

berzaaaaaa555556

Првиот трговски ден оваа седмица Македонската берза го започна со вкупен промет од 6.320.338 денари, реализирани преку 30 трансакции.

Денот го одбележа блок трансакцијата со акциите на АД „Благој Ѓорев“ од Велес. Вкупно беше истргуван обем од 11.100 акции, по цена од 357 денари. Вкупна вредност на трансакцијата изнесуваше 3.962.900 денари, што беше повеќе од половина или 62,7 отсто од вкупно остварениот промет на Берзата.

Останатите хартии од вредност кои беа тргувани на пазарот денес остварија промет од околу 2,3 милиони денари.

Најголем пад на вредноста, од -4,76 отсто) со истргувани 270 акции по просечна цена од 400 денари забележа акцијата на „Стопанска банка“ АД Скопје, а по неа следеа акциите на РЖ Услуги со пад од -2,27 проценти и на „Стопанска банка“, АД Битола со пад 15 отсто.

Наспроти нив, најголем раст, и тоа од 8,52 отсто бележеше акцијата на „ТТК Банка“ АД Скопје со просечна цена од 662 денари за акција и истргувана количина од 700 акции.

Обврзниците за денационализација во понеделникот комплетно изостанаа од дневната листа, и со нив не беше склучена ниту една трансакција.

Индексот МБИ-10 денот го заврши со незначителна промена, пад од 0,21 отсто, и заврши со вредност 1.805,36 индексни поени, додека, пак, индексот ОМБ остана непроменет во однос на затворањето на тргувањето во петокот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП