Во општина Дебар во текот на минатата 2015 година се реализирани рекордни проекти во висина од 10 милиони евра.
Според градоначалникот на општината Дебар, Ружди Лата, само за една година се релизирани проектите: Дебарското шеталиште, изградба на новата зграда на гимнназијата, реконстрикција на патни правци кои го поврзуваат Дебар со соседните градови, уредувањето на старите гробишта од времето на Осмалиската империја, реализација на уредувањето на брони тротоари, поплочување на улици во градот и селата и туристички проекти, во вкупна вредност од околу десет милиони евра.
Станува збор за инвестиции кои се добиени преку проекти на Европската унија Турската агенција за развој ТИКА, средства на локалната и централната власт, како и средства добиени од проектите за партнерско работење со населението и општина Дебар.
Дебарскиот градоначалник Лата, исто така, изјави дека сите проекти коишто се започнати во текот на мината година, ќе бидат завршени годинава.