6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗабележана рекордна година за инвестициите во имот во Шпанија

Забележана рекордна година за инвестициите во имот во Шпанија

costa brava 335

Минатата година беше рекордна за инвестициите на пазарот на недвижности во Шпанија, објави онлајн порталот „themovechannel.com“. Обемот на инвестициите во недвижиности во земјата скокна за 67% на годишна основа заради слабото евро и подобрувањето на условите на пазарот, кои привлекуваат странски купувачи, посочува изданието.

Вкупниот обем на трансакции на шпанскиот пазар на имот за минатата година се проценува на 11,700 милиони евра, покажуваат податоците на консултантската компанија „BNP Paribas Real Estate“. Обемот на трансакциите не само што е значително повисок во однос на 2014-та година, но и со 25 отсто над волуменот, забележан пред кризата.

Околу две третини од вкупниот обем на инвестиции се занимава за комерцијални и канцелариски имот, покажуваат уште податоците. Обемот на трансакции со станови достигна 5 проценти од вкупниот волумен.

Сепак, станбениот пазар во Шпанија ужива силна година. Податоците на шпанскиот институт за статистика покажуваат дека кон крајот на ноември трансакциите се близу до 14 отсто повеќе на годишно ниво, што претставува раст за 15-ти месец по ред.

Најактивните странски купувачи на имот во Шпанија се француските, американските и британските инвеститори, главно благодарение на зајакнувањето на британската фунта и американскиот долар на девизните пазари.

Најсилен раст на продажбата на имот на 100 илјади жители е забележан во покраината Валенсија и на Балеарските Острови.

Со растот на продажбата се зголемуваат и цените, иако со побавно темпо. Според статистиката на консултантската компанија „Tinsa“ растот на цените на куќите во Шпанија минатата година достигна 1% – првото зголемување од глобалната финансиска криза.

Најсилни зголемувања на цените се пресметани во Каталонија и Мадрид – односно 5,3% и 3,3%, следени од Балеарските острови со 2,7%.

Во моментов потребно е 10,2 месеци да биде продаден просечен имот во Шпанија, спрема 10,6 месеци од една година порано.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП