15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРасте разликата помеѓу богатите и сиромашните во Германија

Расте разликата помеѓу богатите и сиромашните во Германија

german-people3

Десет отсто од семејствата во Германија поседуваат 51,9 отсто од материјалното богатство, пишуваат локалните медиумите, повикувајќи се на интерни документи на сојузното министерство за социјални грижи.

За време на последното испитување на министерството пред пет години, социјалните разлики беа помали и тогаш десет отсто од населението поседуваа 45,1 отсто од богатството.

Сабине Цимерман, претставник на партијата на Левицата во Бундестагот, реагирајќи на најновата статистика побара измени во даночниот систем во Германија, за да се обезбеди поправедна распределба на богатството.

„Во Германија е забележителна енормна распределба на богатството од пониски кон повисоки слоеви на населението и тоа од статистиката е повеќе од видливо“, рече Цимерман.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП