11 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSiemens ја купува CD-adapco за 1 милијарда долари?

Siemens ја купува CD-adapco за 1 милијарда долари?

Siemens

„Siemens“ ќе ја купи приватната инженерска софтверска компанија „CD-adapco“ од САД за речиси 1 милијарда долари, тврди анонимен извор, цитиран од „Ројтерс“.

Според него договорот ќе биде прогласена најрано во понеделник. Двете компании не беа достапни за коментар.

Компанијата со седиште во Мелвил, Њујорк, „CD-adapco“ создава компјутерски програми кои се користат од инженери за симулација на работата на моторот. Со овие производи ќе се дополнат активностите на бизнис единицата на „Siemens“, кој се фокусира на софтверот за управување со животниот циклус на производот, додава изворот.

Откако стана извршен директор на „Siemens“ пред две години, Џо Кајсер се зафати со преструктуирањето на германската компанија. Тој си постави за цел да ја направат профитабилна, па за таа цел ги продаде единиците кои не беа дел од основниот бизнис.

Групата сепак треба повеќе да се натпреварува со софтверските компании кои можат брзо да ја развиваат технологијата, бидејќи се фокусирани само во една област. Истовремено само пет отсто од сите 350.000 службеници на „Siemens“ се софтверски инженери.

Во декември „Siemens“ најави дека ќе собере буџет за истражување, бидејќи сака да прави повеќе технолошките иновации, со кои ќе го претекне својот конкурент „General Electric“.

Продажбата се случува откако минатиот септември почина основачот и извршен директор на „CD-adapco“. Тој беше наследен од сопругата Шерон Мекдоналд, која стана извршен директор и претседател.

Основана во 1980-та година и се уште контролирана од своите основачи, компанијата има 900 вработени и 50 канцеларии. Таа достигна 200 милиони долари годишен приход и годишна стапка на раст од 15% во последните пет години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП