30 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАДа се биде паметен и талентиран не е доволно за успехот:: Што...

Да се биде паметен и талентиран не е доволно за успехот:: Што уште ви е потребно?

S

Брзо помислете на најуспешната личност која ја познавате. Сега размислете за неколкуте зборови кои најдобро ја опишуваат. Што ви паѓа на памет? Паметна? Организирана? Самоуверена? Дисциплинирана? Инспиративна?

Ако сте како повеќето луѓе, најверојатно ќе се фокусирате на квалитетите како што се последните три – со други зборови, квалитети кои имаат повеќе врска со ставот на некоја личност отколку со нејзиното знаење или способности. Други вклучуваат особини како што се: вреден, бестрашен, скромен, влијателен и сочувствителен.

Дејл Карнеди добро ја познава оваа тема бидејќи веќе долги години одржува тренинзи за програмата „Способност за успех“ и е авторка на бестселерот „How to Win Friends and Influence People“. Дури и славниот Ворен Бафет изјавил дека ги посетувал нејзините курсеви кога бил млад, и тоа го променило неговиот живот, така што му помогнало да го надмине стравот од јавен говор.

Како што пишува авторката на сајтот Business Insider, и таа посетувала еден од овие курсеви. Што научила?

Еден од најголемите совети е дека нашиот став кој го покажуваме во средба со секојдневните предизвици е подеднакво важен ако не и поважен од – нашите знаења и способности. Овие два фактори се важни, но тие можат да бидат потценети и сокриени без позитивниот став кој би им дал поттик.

Не е се во знаењето, има нешто и во позитивниот став, да се обидеме, да се одважиме и да не го очекуваме секогаш она најлошото.

Компаниите често вработуваат некој кој го има посакуваното знаење и квалитети. Но „дадете му на некого добар став и тој ќе го достигне тоа знаење и квалитет“, велат соговорниците за Business Insider.

Позитивниот став без знаењето е ништо, но клучот за успехот е став+вистински способности+знаење.

Позитивниот став не е исто како и идеализмот и невтемелениот оптимизам. Тоа значи дека имате самоувереност и без оглед на каква препрека ќе наидете, можете да се носите со неа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП