18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамален трговскиот дефицит на Јапонија

Намален трговскиот дефицит на Јапонија

japonija-japan-japan-japonski-ekonomija

Падот на цената на енергентите и помогна на Јапонија да го намали годишниот трговски дефицит за 78 проценти во 2015 година, додека послабиот јен му даде поттик на извозот, покажува статистиката.

Во 2015 година, Јапонија петта година по ред регистрираше трговски дефицит, кој, според соопштението на јапонското Министерство за финансии, изнесувал 2,83 билиони јени (23,8 милијарди долари), пренесува агенцијата Франс прес.

Извозот на автомобилите пораснал за 10,3 проценти, додека вредноста на увезената сирова нафта е намалена за 41 процент, се додава во соопштението.

Јапонија и понатака во голема мера е зависна од увозот на енергенти, но од минатогодишниот остар пад на цената на нафтата имаше голем бенефит, оценува Франс прес.

Од катастрофата во нуклеарната централа Фукушима во 2011 година предизвикана од цунамито и земјотресот, повеќето нуклеарни реактори во Јапонија се затворени, што ја зголеми зависноста на официјален Токио од увозот на фосилни горива, резултирајќи со создавање на годишен трговски дефицит.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП