26 јуни, 2024
ПочетнаКУЛТУРАДојран избран за Град на културата за 2016 година

Дојран избран за Град на културата за 2016 година

dojran

Дојран ги исполнува условите да биде престолнина на културата за 2016 година, одлучи Министерството за култура по разгледувањето на пристигнатите пет пријави на Конкурсот за финансирање проект од национален интерес за манифестацијата „Град на културата за 2016 година“.

„Програмата на Дојран содржи широк спектар на конкретни, квалитетни и разновидни културни содржини од сите дејности, проекти кои ја афирмираат културата и промовираат врвни културни вредности кај младата популација, активности кои го афирмираат домашното творештво и домашните автори, проекти кои подразбираат соработка со врвни уметници и кои презентираат творештво со стилска и жанровска разновидност“, се вели во соопштението од Министерството за култура.

Програмата е збогатена со сите постојни традиционални фестивали и манифестации кои ќе бидат реализирани под еден белег, „Град на културата 2016 година“. Предвидени се музички манифестации од сите жанрови, традиционална музика и фестивалска промоција на игри, ликовни колонии, драмски фестивали, поетски читања, промоции, изложби и концерти. Во програмата ќе учествуваат уметници од сите генерации и таа ќе содржи активности од сите структури.

„Прогласувањето на Дојран за Град на културата за 2016 година ќе придонесе за унапредување на културата во овој регион, како и за негов развој и афирмација воопшто“, велат од Министерството за култура.

Титулата „Град на културата“ се доделува по 13-ти пат, а минатата година носител беше општина Велес. Манифестацијата се организира заради дисперзија и развивање на културата, а културните содржини што ги финансира Министерството за култура да станат достапни за сите граѓани на Република Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП