20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРускиот БДП е намален за 3,7 отсто во 2015-та

Рускиот БДП е намален за 3,7 отсто во 2015-та

rublja 335

Руската економија се намали минатата година за 3,7 отсто, со значителен пад на капиталната потрошувачка и прометот во малопродажбата, објави во понеделникот рускиот завод за статистика.

Во претходната година, руското БДП порасна за 0,7 отсто, наведе агенцијата Тасс.

Според податоците на рускиот завод за статистика, капиталната потрошувачка е намалена во минатата година за 8,4 отсто, а прометот во малопродажбата за 10 отсто.

Руската економија во голема мера е зависна од извоз на енергија, а цената на нафтата остро падна во минатата година ипол, нагризувајќи ги државните приходи.

Рускиот премиер Дмитриј Медведев неодамна овој месец предупреди дека тонењето на цената на нафтата би можело да ја присили владата на ребаланс на буџетот.

Дополнителен товар за економијата се санкциите кои Запад и ги воведе на Москва поради судирот во Украина, поради што Русија воведе контрамерки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП