18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГлавен извор на тешкотии за банките во еврозоната е хипотекарното кредитирање

Главен извор на тешкотии за банките во еврозоната е хипотекарното кредитирање

kuki hipoteka 335

Хипотекарно кредитирање е главен извор на тешкотии за големите европски банки. Тоа го коментира Даниелe Нуи, којa раководи со банкарскиот регулатор во еврозоната, цитиранa од „Ројтерс“.

Нуи наведува дека сепак преземените мерки спречиле негативни случувања, дополнува новинската агенција.

Рекордно ниските камати во еврозоната ја засилија веројатноста од „балон“ на пазарот на имот поради насочувањето на капитал кон секторот кој носи значително повисока профитабилност во моментов.

Новинската агенција потсетува дека Европската централна банка (ЕЦБ) веќе предупреди дека бизнисот со недвижностите во Европа се преценет.

Во текот на минатата недела стана јасно дека банките од земјите од еврозоната ги олабавуваат кредитни стандарди од минатата година, вклучувајќи и за доделување на хипотекарни кредити.

Главниот фактор за олабавување на кредитните стандарди на банките е конкуренцијата за платежноспособните клиенти. Истовремено се зголемува и нето пребарувањето на банкарско финансирање на трансакции со имот, а главна причина за интересот се ниските камати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП