25 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКој гигант може да ја загрози лидерската позиција на Apple?

Кој гигант може да ја загрози лидерската позиција на Apple?

ap le 35

Еден добро познат технолошки гигант може полека да го заземе местото на „Apple“ на врвот. Акциите на компанијата од Купертино поевтинија за повеќе од 22% во текот на последните шест месеци, додека „Alphabet“, компанијата мајка на „Google“, се радува на раст на цената на акциите со речиси исто толку.

Иако „Apple“ на врвот на листата со компании од „S&P 500“ по пазарна капитализација, „Alphabet“ ја стеснува предноста на „Apple“ и има шанса да највредна компанија во светот.

Во петокот „Alphabet“ ја заврши трговијата по цена од 725,25 долари по акција, а нејзината пазарна капитализација достигна речиси 500 милијарди долари. Од своја страна „Apple“ го затвори денот по цена од 101 долари и пазарна капитализација од 540 милијарди долари.

„Сметам дека загубата на пазарна капитализација на „Applе“ ќе продолжи“, тврди Тод Гордон од „TradingAnalysis.com“.

Ако го погледнеме односот помеѓу цената на акциите на „Apple“ и „Alphabet“, наведува Гордон, додавајќи дека ако сегашниот тренд се задржи, вредноста на „Alphabet“ ќе ја надмине онаа на „Apple“ во одреден момент во 2017-та година.

Од почетокот на 2016-та година досега и двете технолошки акции забележуваат пад за 7,5% во однос на позадина на големите распродажби на берзите. Но и покрај тоа аналитичарот на „Oppenheimer“ Џејсон Хелфстејн тврди дека „Alphabet“ ќе продолжи да бележи раст, особено откако компанијата ќе ги објави резултатите за четвртиот квартал на 1-ви февруари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП