2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗошто не расте цената на златото?

Зошто не расте цената на златото?

zlato

Иако цената на златото имаше пристојна година, а оптимизмот го изгради на идните проекции, таа сеуште не се ослободи од основните параметри на цената и горната граница од околу 1.100 долари за унца.

Скапоцениот метал порасна за околу три проценти во оваа година, без оглед на декемврискиот подем на американските каматни стапки, што обично е негативен сигнал. Но, движењето на ова „сигурно прибежиште“ доага во време кога пазарите на капитал го доживуваат својот најлош почеток на годината, со британскиот benchmark индекс FTSE-100 кој е на тригодишен минимум. Па зошто цената на златото не порасна?

Инфлација

„Проблем е спротивниот курс на (ниски) инфлаторни очекувања“, изјави Роб Ховорт, висок стратег за инвестирање на US Bank во Сиетел за Ројтерс.

Златото често се гледа како заштита од инфлацијата. Немате многу апетит да се наддавате со златото кога немате проблем со инфлацијата.

Инфлацијата најверојатно ќе остане ниска уште некое време, додека продолжувањето на падот на цените на нафтата ја намалува цената на горивата.

Крах на пазарите?

Втор фактор е збунетоста дали моменталните пазарни слабости се предзнак за полн замав на кризата или не, во ситуација кога инвеститорите панично ја потценуваат отпорноста на глобалната економија. Судејќи споре се, „сигурното прибежиште“ е обично со краток здив, но дефинитивно на златото се гледа како на прибежиште во време на стресови – се издигнувате кога пазарите одат кон целосен крах.

Голем број на луѓе предвидуваат дека се соочуваме со уште еден колапс на пазарите. Меѓутоа, постојат и почитувани лица како што е еден од шефовите на ММФ, Маурис Обстфелд, кој наведува дека инвеститорите само претеруваат со „прилично малку докази во опкружување на нестабилност и аверзија од ризикот“.

Каматни стапки

Доколку пазарниот крах не се случи, веројатноста за понатамошно зголемување на каматните стапки е оптеретување за моменталната пауза. Ако стапките бидат зголемени, тоа ќе ги зголеми и алтернативите за златото.

Динамика на побарувачката

Ако се појави појасна слика на пазарите и раст на каматите, пазарот би можел да се рефокусира на динамиката на побарувачката и зголемувањето на цените, но основниот поглед е нејасен.

Инвеститорите купуваат преку фондовите повторно, но овој подем доаѓа од многу ниска база, по голем број на распродажби минатата година. Второ, додека купувањето на реално злато во облик на накит порасна во втората половина од годината, сега во 2016 година гледаме забавување на купувањето во Кина и Индија, напоменува Ројтерс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП