26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVenom GT најбрз во светот

Venom GT најбрз во светот

venom

Со забележана брзина од 427.6 km/h, „Hennessey Venom GT“ стана најбрзиот сериски автомобил кој може да се купи на пазарот и легално да се вози по јавните патишта.

Иако резултатот не е спорен, но титулата за најбрз е, бидејќи „Bugatti Veyron Super Sport“ официјално забележи поголема максимална брзина која изнесува 431.072 km/h.

Сепак во случајот со „Veyron“ станува збор за тест-примерок чија брзина не е фабрички ограничена, а додека возилата кои се испорачани на купувачите имаат електронско ограничување на брзината на 415 km/h. Поради овие факти од „Hennessey“ тврдат дека „Venom GT“ е најбрз во категоријата на автомобили кои можат да се најдат на продажба и да се користат во секојдневното возење.

Основачот на компанијата Џон Хенеси тврди дека брзината од 427.6 km/h не е максималната која може „Venom GT“ да ја достигне.

venom1

„Ќе се обидуваме и понатаму да постигнеме уште подобри резултати. Се што ни е потребно е подолга писта или делница од пат за да можеме да го достигнеме максимумот кој овој автомобил може да го пружи“, изјавил Хенеси.

Во почетокот на 2013-та година „Venom GT“ беше запишан во Гинисовата книга на рекорди, откако од 0 до 300 km/h стигна за само 13.63 секунди.

„Hennessey Venom GT“ е заснован на моделот на „Lotus“ – „Elise/Exige“, а наместо оргниналниот агрегат на „Lotus“ тој го придвижува 7.0 литарскки V8 twin-turbo мотор кој може да развие 1.262 ks. Планирано е вкупно да се произведат 29 примероци, а цената на автомобилот се движи околу 1.2 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП