17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранција налето планира да ги укине санкциите за Русија

Франција налето планира да ги укине санкциите за Русија

francija-rusija

Франција планира ова лето да ги укине санкциите коишто Западот ги воведе против Русија поради нејзината наводна улога во украинската криза, со услов Москва да го почитува мировниот договор од Минск, изјави во неделата францускиот министер за економија, индустрија и дигитална технологија, Емануел Макрон.

Изјавата на Макрон ја објави агенцијата AFP во моментот кога францускиот министер пристигна во посета на Москва. Макрон ја предводи француската делегација којашто во понеделникот првпат по 2013 година ќе учествува на 21-та седмица на Руско-Францускиот совет за економски, финансиски, индустриски и трговски прашања (SEFIC), Претходно од француска страна беше најавено дека ќе бидат разгледувани можностите за заеднички инвестирања во редица стопански и научни гранки.

„На сите заедничка цел ни е ова лето да ги укинеме санкциите, бидејќи процесот се почитуваше“, изјавил Макрон пред француските претприемачи кои го придружуваат, мислејќи на договорот од Минск за решавање на судирот во источна Украина кој беше потпишан во февруари 2015 година во белоруската престолнина, а на кој Франција и Русија е потписници како страни гаранти на договорот меѓу двете завојувани страни.

На санкциите од ЕУ и САД, Русија возврати со ембарго на прехранбени производи, од коишто загуби изразени во милијарди евра трпат само европските земјоделци, а најмногу токму француските.

Претходната во петокот на Светскиот економски форум во Давос, американскиот државен секретар Џон Кери оцени дека санкциите би можеле да бидат укинати „следните месеци“, доколку Москва „во целост“ го почитува договорот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП