7 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРААмериканските продуценти го наградија филмот „Облог на векот“

Американските продуценти го наградија филмот „Облог на векот“

oblog

Филмот „Облог на векот“ (The Big Short) ја освои наградата за најдобар филм што ја доделува Здружението на американските продуценти (Producers Guild of America), еден месец пред доделувањето на најпрестижните филмски награди Оскарите.

Со хумор и мноштво ѕвезди, како Бред Пит, Стив Карел, Кристијан Бејл, Рајан Гослинг, филмот на режисерот Адам Меккеј, номиниран инаку за Оскар за најдобар филм, на трагикомичен начин раскажува за големата финансиска криза во САД во 2008 година.

Спротивни на сите прогнози, американските продуценти го преферираа „Облог на векот“ пред големиот фаворит „Повратник“, одесеата за преживувањето на Алехандро Гонзалес Инарутиа со Леонардо ДиКаприо, кој има 12 номинации за Оскари.

„Облог на векот“ е номиниран во уште четири категории за Оскар: за најдобар режисер, најдобра машка споредна улога (Кристијан Бејл), најдобро адаптирано сценарио и најдобра монтажа.

Минатата година еснафот на американките продуценти го награди „Birdman“ на Инарутиа, кој пота освои четири Оската, меѓу кои и онаа за најдобар филм.

„Облог на векот“ изминатиот викенд веќе ја доби наградата за најдобра комедија на здружението на американските филмски критичари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП