9 декември, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBlackBerry повторно во плус

BlackBerry повторно во плус

BlackBerry-10

Канадската компанија „BlackBerry“ во последниот квартал успеа да забележи профит од 98 милиони долари и работата да тргне во нагорна линија.

„BlackBerry“ успеа да се врати на вистинскиот пат во четвртиот квартал кој заврши на втори март. Во него тие остварија профит од 98 милиони долари, во споредба со загуба од 125 милиони долари во истиот период од минатата година.

Овие резултати доаѓаат во време кога компанијата во продажба ги пушти новите паметни телефони со новата „BlackBerry 10“ платформа, преку кои тие би можеле да се вратат на профитабилноста. Оваа групација испорача шест милиони паметни телефони во четвртиот квартал, вклучувајќи еден милион единици на „BlackBerry 10“.

“Ние спроведовме големи промени во „BlackBerry“ во текот на изминатата година и овие промени резултираа со враќање на профитабилноста на компанијата во четвртиот квартал”, рече извршниот директор Торстен Хајнс.

Во претходниот квартал, приходите паднаa на 2.7 милијарди долари од 4.2 милијарди долари од пред една година порано, а беа под проценки на аналитичарите од 2.84 милијарди долари. Во прилог на „BlackBerry“ оди и приказната дека еден од најголемите американски оператори купил еден милион парчиња на „BlackBerry“ од моделот „Z10“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП