18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAIG планира да ги оддели активностите за осигурување на хипотеки

AIG планира да ги оддели активностите за осигурување на хипотеки

aig maig

„American International Group Inc“ (AIG) одлучи да ги одвои активностите за осигурување на хипотеки, соопштува „Ројтерс“, повикувајќи се на информирани анонимни извори.

Одлуката сепак едвај ќе е доволно за да го смири инвеститорот Карл Ајкан, кој инсистира компанијата да се подели на три одделни претпријатија.

Во првите девет месеци од 2015-та година бизнисот со осигурување на хипотеки на „AIG“ донел приходи во износ од над 791 милиони долари. Приходите од активностите изнесуваат 7,4% од приходите на групацијата пред оданочување, наведува новинската агенција.

Се очекува осигурителот да расправа за иднината на својата дејност во вторник, кога ќе го објави и својот стратешки план за развој.

Компанијата се очекува да ги информира инвеститорите и за продажбата на единицата „Advisor Group“, како и за други иницијативи насочени кон освојување на поддршката на акционерите.

Агенцијата нагласува дека Ајкан инсистира „AIG“ да стане помала компанија и да се раздели со етикетата „небанкарски финансиски институции од систематско значење“. Засега раководството на групата го издржа притисокот на инвеститорот.

Ајкан откри во ноември дека поседува 3,4% од акциите на „AIG“, што го прави петти најголем акционер, покажуваат податоците на „Thomson Reuters“.

Новинската агенција потсетува дека осигурителната компанија беше спасена во 2008-ма година од американската влада и поради оваа причина беше вклучена во групата на финансиски институции од систематско значење.

Структурата на трошоците на „AIG“ останува причина за загриженост кај инвеститорите на компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП