21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНорвешки искуства во македонскиот образовен систем

Норвешки искуства во македонскиот образовен систем

abdulaki norveska 3353

Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми, кој се наоѓа во дводневна посета на Кралството Норвешка, во сабота оствари средба со Хакон Бланкеборг, директор на секторот за Југоисточна Европа во Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка, Анете Бул – заменик директор на сектор и  Вибеке Кнудсен – одговорна за секторот за Република Македонија при Норвешкото МНР.

Фокусот на оваа средба беше соработката помеѓу Министерството за образование и наука и Нансен дијалог центарот – Скопје и идните планови за соработка, особено за концептот за интеркултурно образование.

Министерот Адеми го запозна Блакенборг дека концептот е прифатен од страна на Министерството за образование и наука и дека тој претставува стратешки приоритетен документ кој ќе одговори позитивно на прашањето за поделба на училиштата по етнички линии, како и да придонесе за подобрување на квалитетот на наставата, во насока на обуки за наставници и измени во учебниците, како и за подобрување на условите за учење, при што преку интеркултурното образование ќе се даде голем придонес во подобрување на меѓуетничките односи во Република Македонија, што на подолг рок ќе придонесе да се постигне мир и стабилност.

Министерот Адеми, за време на разговорите истакна дека во Нансен дијалог центарот гледа партнерска организација во спроведувањето на концептот за интекултурното образование во текот на идните години.

Министерот посочи дека во партнерство со Нансен дијалог центарот Скопје, министерството за образование и наука, веќе започна да го имплементира концептот, а како прв приоритет беше дефинирана анализата на учебниците, при што беше формирана и работна група, која од следната недела започнува со анализа на учебниците од прво до петто одделение, додека останатите учебници од основно и средно гимназиско образование ќе бидат предмет на анализа до крајот на оваа година, а веќе од учебната 2017/2018 година ќе се анализираат учебниците од средните стручни училишта.

Претствавниците на министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка, за време на состанокот, беа информирани дека за спроведување на концептот за интеркултурно образование ќе бидат избрани десет училишта кои ќе бидат целосно трансформирани во текот на три години, како и за следниот приоритет на министерството за образование и наука, обука на наставници, стручни тимови и директори на училиштата во врска со тоа како треба да се спроведе концептот и како да работат според програмата за интеркултурни активности. Преку Центарот за обука НДЦ Скопје во текот на следните три години се планира да се обучуваат сите наставници и директори на 10 избрани училишта.

Министерот Адеми, за време на средбата потенцираше дека во рамките на Министерството за образование и наука наскоро ќе се отвори сектор за интеркултурно образование, при што Нансен дијалог центарот – Скопје ќе придонесе со три члена кои ќе бидат професионална поддршка за овој сектор.

На маргините на посетата на Кралството Норвешка, министерот Адеми, оствари средба и со Торе Хатрем, државен секретар во Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка, на која се разговараше за образованието, политичката состојба и состојбата со мигрантите. На средбата беше истакната Норвешката поддршката во некои области и дека поддршката во областа на образованието е од особена важност. Како позитивен пример на досегашната успешна поддршка беше потенцирана соработката помеѓу Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка и Нансен дијалог центарот Скопје во областа на образованието од која произлезе Концептот за интеркултурно образование, кој ќе биде многу значаен за меѓуетничките односи, мирот и стабилноста на земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП