22 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGoogle се согласи да го плати заостанатиот данок

Google се согласи да го плати заостанатиот данок

225074_gugl-ap_f

Американската компанија „Google“ се согласи да плати 130 милиони фунти заостанат данок, откако британските власти извршија проверка на нејзините банкарски сметки.

Заостанатиот данок датира од 2005 година и откриен е по шестгодишната истрага која ја водеше британската даночна служба.

„Google“ е една од неколкуте мултинационални компании обвинети за избегнување на данок, и покрај приходите од повеќе милијaради фунти од продажбата во Британија.

Директорот на „Google“ за Европа, Мет Бритин, изјави дека ќе го плати дополнителниот данок во Британија.

„Регулативите се менуваат на меѓународно ниво и британската Влада ја презема раководечката улога во примената на тие мерки, па така и ние ќе извршиме одредени измени. Сакаме да бидеме сигурни дека сме го уплатиле соодветниот износ на данок“, нагласи Бритин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП