20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБум на фалсификувани евра во 2015-та година

Бум на фалсификувани евра во 2015-та година

falc bum evra

Европската централна банка минатата година повлекла 899.000 лажни евробанкноти, што е рекорд, покажуваат податоците кои ги објави ЕЦБ.

Сумата е највисока во споредба со претходните три години.

445.000 фалсификувани евробанкноти се повлечени од оптек само во втората половина на 2015-та година

Сепак од банката нагласуваат дека бројот на фалсификуваните банкноти останува многу низок во споредба со порастот на бројот на вистинските банкноти во оптек, кои се над 18 милијарди во втората половина на 2015-та година

Најчесто се фалсификува банкнотата од 20 евра или 46,2% од сите лажни банкноти. По неа е онаа од 50 евра – 37,1%.

Најнеинтересни за фалсификаторите се банкнотите од 5 и 200 евра, покажуваат податоците на ЕЦБ.

Огромнен дел од фалсификуваните банкноти – 98% се наоѓаат во земји од еврозоната.

Само околу 1,3% се откриени во земјите членки на ЕУ надвор од еврозоната, а помалку од 0,7% – во други делови на светот.

Од ЕЦБ сепак забележуваат дека во втората половина на годината се забележува пад од 2% на фалсификувани пари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП