3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАStandard & Poor’s го зголеми кредитниот рејтинг на Грција

Standard & Poor’s го зголеми кредитниот рејтинг на Грција

grcija-grcijajjjajajjaja

Американската агенција за кредитен рејтинг „Standard & Poor’s“ го зголеми кредитниот рејтинг на Грција за еден степен, бидејќи очекува дека Атина ќе ги исполни барањата од пакетот помош.

Кредитниот рејтинг на Грција е зголемен на „B-“ од „CC+“, благодарение на што Атина излезе од територијата во која и се заканува ризик од банкрот, пренесува агенцијата Франс прес.

„И покрај разликите меѓу грчката влада и нејзините кредитори, очекуваме дека до крајот на март Грција ќе ги исполни условите од 86 милијарди евра вредната програма за финансиска поддршка, со што ќе се отвори патот за преговори за официјален отпис на долгот“, се наведува во соопштението на рејтинг агенцијата.

Грција, како што се вели во соопштението, ги докапитализираше своите најголеми банки и оствари напредок на планот на буџетската консолидација.

„И покрај бројните шокови, економијата се покажа поотпорна отколку што првично очекувавме“, се наведува во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП