2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманската полиција на работ од силите поради бегалците

Германската полиција на работ од силите поради бегалците

bundespolizei-400x293

Синдикатот на германските полицајци (GdP) предупреди дека германската полиција се наоѓа на работ од силите поради зголемениот обем на обврски во врска со бегалската криза, како што се контролата на границата кон Австрија или обезбедувањето на центрите за сместување на имигрантите ширум земјата.

„Ние можеме дополнително да ги осигуруваме границите на некое одредено време од околу три седмици. Но за подолг период нам едноставно ни недостигаат луѓе“, изјави потпретседателот на GdP, Јерг Радек во разговорот за дневниот весник Neue Osnabruecker Zeitung од петокот.

Со тоа реагираше на најавата на министерот за внатрешни работи Томас де Мезиер, кој планира пограничните контроли кон Австрија, воведени во септември минатата година како привремена мерка, да ги продолжи и по февруари.

Радек објаснува дека од почетокот на контролата на границите припадниците на сојузната полиција, која е задолжена за границите и сообраќајните јазли како што се аеродромите и железничките станици, оствариле преку два милиона прекувремени часови работен ангажман.

„Најавеното отворање нови три илјади работни места нема да ја ублажи ситуацијата“, смета Радек.

Поради дополнителните обврски, како што се осигурувањето на сместувањата за бегалците или транспортот на имигрантите, германската полиција со месеци веќе се жали на недостиг од капацитети, а во некои сојузни земји, како во Саксонија, се прибегнува кон невообичаени мерки, па на забрзани курсеви припадниците на фирмите за обезбедување се обучуваат за полицајци.

Од министерството за внатрешни работи соопштија дека жалните на полицискиот синдикат се неосновани. „Полицијата во моментов е под голем притисок, но задачите може да се извршат“, порачаа од министерството.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП