21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонска берза: Блок трансакција со акциите на „Трготекстил малопродажба“

Македонска берза: Блок трансакција со акциите на „Трготекстил малопродажба“

mk berza

Прометот на Македонската берза во петокот изнесуваше повеќе од 10 милиони денари, но беше проследен со негативна вредност на индексот МБИ-10.

Пад од 0,41 отсто и вредност 1.809,15 индексни поени, забележа МБИ-10 во тргувањето во последниот ден од седмицата.

Денот го одбележа блок трансакција со акциите на „Трготекстил малопродажба“ Скопје, во кое тргување поминаа 58.563 акции и беше остварен промет од 5,3 милиони денари.

Со најголем промет во класичното тргување, беа акциите на „Алкалоид“ АД Скопје со остварени близу 382 илјади денари промет.

Блок трансакција имаше и со акциите на „Комерцијална банка“ АД Скопје, при што беше истргуван обем од 1.730 акции, по цена од 2239 денари.

На добитничката листа се најдоа акциите на „Тиквеш“ АД, „Стопанска банка“ Скопје, „ТТК Банка“ и „Алкалоид“ АД Скопје, додека на страната на губитниците прва се најде акцијата на Телеко, со пад на вредноста од 2,78 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП