28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСилен скок на цената на нафтата поради ниските температури

Силен скок на цената на нафтата поради ниските температури

nafta 4839

Цената на нафтата скокна во петокот на светските берзи за над шест отсто поради ниските температурите во САД и Европа, кои ја поттикнаа побарувачката за нафтата за греење.

На лондонската берза цената на барелот порасна 1,92 долари во однос на претходното затворање и изнесуваше 31,17 долари. Во САД со барелот се тргува по 1,59 долари повисока цена, од 31,12 долари.

Ниските температури и снежната олуја ма источното крајбрежје во САД и во одделни делови на Европа ја поттикнаа побарувачката за нафтата за греење, поттикнувајќи ја паралелно и цената на сировата нафта. Аналитичарите сепак сметаат дека овој раст ќе биде со краток здив, со оглед на вишокот во понудата и на благиот раст на цената во договорите со подолг рок на испорака.

„Со оглед на актуелниот вишок во понудата овој раст не е одржлив…Ако паралелно со цените за испорака во следните месеци не пораснат и оние за испораки на подолг рок, овој тренд ќе сопре или цените ќе тргнат во спротивна насока“, вели аналитичарот на SEB, Бјорн Шелдроп.

„Ништо во темелните фактори не ја оправдува претпоставката за промена на актуелниот надолен тренд“, се надоврза Тамаш Варга од PVM Oil Associates. „Треба само да го погледнеме последниот извештај од Меѓународната агенција за енергетика за да сфатиме дека пазарот ќе биде прекумерно снабден, особено во првата половина од годината“.

IEA во месечниот извештај објавен во вторникот процени дека понудата ја надминува побарувачката за уште најмалку една година и дека постои закана нафтениот пазар да биде преплавен со прекумерна понуда.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП