2 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗабавува економската активност во еврозоната

Забавува економската активност во еврозоната

ekon 993

Економската активност во еврозоната се забавува во почетокот на 2016-та година, покажуваат податоците на приватната компанија за истражување „Markit“. Индексот на менаџерите за нарачки (PMI) се намалува до 11-месечно дно во јануари до 53,5 поени од 54,3 поени во декември.

Под индексите за активноста во услужниот сектор и во производството исто така се намалуваат односно од 54,5 до 53,6 поени и од 53,2 до 52,3 поени.

Кај услугите вредноста е најниска од 12 месеци, а кај произвоството – најниската од три месеци.

Сепак двата сектора остануваат во експанзија, бидејќи секоја вредност на индексот над 50 поени зборува за раст, а под 50 – за контракција.

Аналитичарите од „Markit“ посочуваат дека добрите вести се од пазарот на трудот, за кој менаџерите изразуваат доверба. Покрај тоа, компаниите ги намалиле трошоците поради поевтинувањето на нафтата.

Компаниите во услужниот сектор создаваат нови работни места со најбрзо темпо од 2008-ма година, а оние во производството вработуваат нови работници со стабилна брзина како на крајот на 2015-та година.

Бизнисите во еврозоната извлекуваат корист од ниските цени на нафтата, така што се намалуваат просечните цени и на стоките и на услугите.

Одделните студии на „Markit“ за Франција и Германија исто така, покажуваат пад во „PMI“ индексите. Во Германија активноста во услугите се намалува од 55,6 до 55,4 поени, а оние кај производството – од 53 до 52,1 поени.

Во Франција доцнењето на активноста во услужниот сектор е од 54,2 до 53,6 поени во јануари, а во производствениот сектор – од 53 до 52,3 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП