18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗК Пелагонија инвестира 20 милиони евра во биогасна централа и современа фарма

ЗК Пелагонија инвестира 20 милиони евра во биогасна централа и современа фарма

biogas pelagonija 353

Земјоделскиот комбинат Пелагонија АД Битола денеска во Новаци свечено пушти во употреба два големи капацитети, првата биогасна централа со капацитет од 3 мегавати на час во Македонија и современа фарма наменета за 2.000 молзни крави.

Станува збор за вкупна инвестиција од околу 20 милиони евра, пари кои во најголем дел се обезбедени од редовното работење на ЗК Пелагонија.

Биогасната централа нуди најсовремено еколошко решение за справување со арското ѓубриво од фармата, со чија преработка и заедничко ферментирање со фуражната пченка се добива биогас од кој се произведуваат по 3 мегавати струја на час. Ова е прв ваков капацитет во земјава способен да произведе толкаво количество „зелена“ енергија. Во изградбата на биогасната централа ЗК Пелагонија инвестираше 10,5 милиони евра.

„Изградбата на биогасни централи претставува најсовремено еколошко решение во развиените земји во светот за справување со арското ѓубриво од фармите. Ние воопшто не заостануваме зад тој светски тренд. Напротив, можеме да се пофалиме дека сме една од најголемите фирми во Европа кои се занимаваат со производство на „зелена“ енергија, односно струја произведена од биогас“, изјави Драган Китановски, директор на ДООЕЛ „Пелагонија- Енерџи“.

Освен биогасната централа во Новаци, ЗК Пелагонија инвестира и во втор капацитет кај фармата во селото Породин, а наскоро планира да гради и трет.

Со тоа ќе го заокружи вкупното производството на 6 мегавати електрична енергија на час, инвестиција вредна 10 милиони евра во прва фаза. Во втората фаза планирана е изградба на стакленици за двете централи на површина од 10 хектари, за да може целосно да се искористи топлината која се добива од ладење на генераторите. Притоа, ќе се обезбеди целосна еколошка заштита на земјоделските површини и на околината

Паралелно со инвестицијата во биогасната централа, ЗК Пелагонија вложи и во изградба на современи штали во Новаци со капацитет од 3.000 животни од кои 2000 се молзни крави, а остатокот помлади категории. Притоа, современата фарма доби нов телчарник и ново молзилиште ротолактор со капацитет од 300 крави на час, а реновирано е и старото Делавал молзилиште. Комбинатот набави нови молзни крави и јуници и воспостави комплетно нов современ систем за ѓубрење кој арското ѓубре од шталите и молзилиштето директно го носи во биогасната централа. ЗК Пелагонија во изградбата и модернизацијата на фармата инвестираше 9,78 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП