2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНафтениот и рударскиот сектор ги поттикнаа берзите

Нафтениот и рударскиот сектор ги поттикнаа берзите

berza 392

Цените на акциите на европските берзи денеска продолжија со силен раст втор ден по ред, благодарение на новите поттикнувачки мерки во еврозоната, а најмногу зајакна енергетскиот и рударскиот сектор.

FTSEurofirst индексот на 300 водечките европски акции околу 12.00 часот беше во плус 2,5 отсто, на 1.326 поени, откако вчера скокна за 2,1 отсто, оддалечувајќи се од најниското ниво од октомври 2004 година.

Лондонски FTSE истовремено беше во плус на 2,20 отсто, на 5.901 поен, додека франкфуртски DAX скокна 2,00 отсто, на 9.766 поени, а париски CAC 3,15 отсто, на 4.339 поени.

Растот на цените втор ден по ред се должи на надежите на инвеститорите во нови поттикнувачки мерки, откако вчера Европска централна банка порача дека во март ќе ја разгледа можноста од дополнително прилагодување на монетарната политика, со оглед на превирањата на финансиските пазари и загриженоста поради Кина.

„Треба да видиме дали во следниот период надежите за поттикнувачки мерки на ЕЦБ ќе успеат да ја надвладеат загриженоста поради забавување на кинескиот раст и глобалната економија. За смирување на берзите и враќање на оптимизмот ќе бидат потребни нови мерки од останатите централни банки, како што се јапонската и кинеската“, вели Маркус Хјубер, аналитичар во City of London Markets.

Позитивно на берзите влијае и закрепнувањето на цената на нафтата, поради што денеска најголем добитник беше енергетскиот сектор со раст од 4,4 отсто, додека во рударскиот сектор пораснаа за 3,6 отсто, што се должи на растот на цената на металите.

И покрај тоа FTSEurofirst 300 од почетокот на годината е во минус 7 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП