Во осум земји од јадранскиот регион живеат 24,6 милиони луѓе кои годишно трошат 100 милијарди евра, покажуваат податоците од „GFK Purchasing power“ за 2012 година.
Регионот се карактеризира со пораст на продажбата на машини за перење на алишта и флет телевизори (во Словенија 3 проценти, Хрватска 4 проценти, во Македонија 5 проценти, а во Србија дури 10 проценти), покажуваат податоците од истражувањето.
Иако уделот на хипермаркетите во вкупната потрошувачка во Хрватска има 27 проценти, во Бих 22 проценти, во Србија 6 проценти, додека во Македонија минатата година се отвори првиот маркет од ваков вид, сите купувачи во регионот имаат иста причина за избор на продавница која најчесто ја посетуваат – најважна е близината, следи цената, асортиманот на производи и односот на цената и квалитетот.
При купувањето храна сите најмногу веруваат во домашните производи, кај козметичките производи најважни им се оние кои доаѓаат од Западна Европа, додека за купувањето на производи за домаќинство клучен фактор игра промоцијата на производите.
Кога купуваат некој производ, тие најмногу им веруваат на искуствата од своите пријатели и семејството со тој производ (58 проценти).
Најмногу лица штедат во Словенија (25 проценти), а најмалку во Србија (3 проценти), Македонија е некаде на средината (13 проценти), но сите жители од регионот најмногу штедат за некој неочекуван настан или случување – „за недај боже“, или за патување или одмор.
Секое четврто лице најмалку еднаш во три месеци купува нешто преку интернет, бидејќи сите сеуште преферираат „личен“ контакт со производот.
Сеуште, на повеќето им недостасуваат парите отколку времето – дури 62 проценти, би одбрале пари, а 32 проценти повеќе време.