2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSABMiller настрада поради крахот на некои валути

SABMiller настрада поради крахот на некои валути

sab miler 3535

Непосредно пред спојувањето со „Anheuser Busch“, вториот по големина светски производител на пиво „SAB Miller“ најави дека има корист од топлото време и дека има продадено повеќе пиво. Продажбата како волумен во трите месеци до декември скокнаа за 4%, објави компанијата.

Истовремено Концернот кој продава пиво од марките „Pilsner Urquell“, „Grolsch“ и „Peroni“, успеал да наметне и извесно зголемување на цените.

Нето производствените приходи, во кои влегуваат акцизните и другите даноци, забележаа пад од 8% во четвртиот квартал, или поостар од падот од 5%, една година порано, откако клучните валути за „SABMiller“ се амортизираат во однос на доларот. Без девизните ефекти приходите се зголемуваат за 7% во трите месеци, заклучно со 31-ви декември 2015-та година, во споредба со растот од 4% за истиот период една година порано.

Бројни компании, кои имаат изложености кон пазарите во развој и ги предвидуваат финансиските резултати во американски долари, настрадаа во последно време, бидејќи многу валути се обезценија во однос на доларот. Во последните неколку месеци на 2015-та година, јужноафриканскиот ранд, колумбискиот песос, танзанинскиот шилинг и анголски кванза се обезценија за повеќе од 20%, а полската злота и кенискиот шилинг се обезценија со повеќе од 10%.

„SABMiller“ е во процес на купување од страна на „AB InBev“ за 100 милијарди евра, што би било четвртата по големина зделка во светот, а таа може да биде завршена во втората половина на годината. Компанијата беше принудена да продаде дел од својот бизнис во САД и Европа, за да добие дозвола за договорот од регулаторите. За продажба се огласуваат и европските марки „Grolsch“ и „Peroni“. Засега не е јасно што ќе се случи со 49 отсто од акциите во заедничката компанија во Кина која го произведува „Snow“, најголемиот пивски бренд според големината.

Ако спојувањето на лидерот „Anheuser Busch“, кој ги произведува и „Beck’s“, „Budweiser“ и „Corona“, со вториот по големина производител биде дозволено, тогаш секоја трето пиво во светот ќе биде произведено од новиот гигант.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП