6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрадот Скопје стана првата локална самоуправа што набави службен електромобил

Градот Скопје стана првата локална самоуправа што набави службен електромобил

ekoeko-avto

Градот Скопје стана првата локална самоуправа во Република Македонија што набави патнички автомобил на електричен погон (електромобил) за потребите на градската администрација.

Новото електрично возило коешто е од марката Nissan Leaf во петок го промовираа градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева.

„Со набавката на овој електричен автомобил Градот Скопје стана првата локална самоуправа во Република Македонија што набавила електрично возило. На овој начин ја потврдуваме заложбата за електромобилност во Скопје, со примена на нови технологии, движење со нула емисии на штетни издувни гасови, почиста и поздрава животна средина и намалување на трошоците за одржување“, рече градоначалникот Трајановски.

Станува збор за возило со пет врати, со електричен серво управувач, со моќност на моторот од 80 киловати и батерија од 24 kwh. Со обичен приклучок возилото се полни околу 10 часа, а со посебен приклучок – за околу 4 часа. Целосното полнење на батеријата (на евтина струја) чини 67 денари, со која автомобилот поминува 190 километри. Она што е најважно е што емисијата на јаглероддиоксид е 0 проценти.

За набавка на овој електричен автомобил Градот Скопје потроши околу 1,8 милиони денари со ДДВ. Возилото е набавено од фирмата ТД „Ка-дис“ ДОО Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП