28 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААзиските берзи пораснаа, доларот и цените на нафтата зајакнаа

Азиските берзи пораснаа, доларот и цените на нафтата зајакнаа

berza azija093

На азиските берзи во петокот цените на акциите пораснаа, оттргнувајќи се од најниските нивоа во последните четири години, бидејќи инвеститорите ги охрабри закрепнувањето на цените нафтите и можните нови поттикнувачки мерки во еврозоната.

На токиската берза индексот Nikkei во петокот во претпладневното тргување беше во плус повеќе од 5 отсто, отскокнувајќи од најниското ниво во последните 15 месец, додека цените на акциите Шангај, Австралија, Сингапур, Јужна Кореја и Хонгконг пораснаа меѓу 0,7 и 2,4 отсто. Благодарејќи на тоа, индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, без јапонските, беше во плус 2 отсто, оддалечувајќи се од најниското ниво во октомври 2011 година. И покрај петочниот скок, овој индексот во однос на почетокот на седмицата е во загуба од 1,5 отсто.

Азиските вложувачи беа охрабрени од вчерашниот раст на берзанските индекси на Волстрит, откако цените на нафтата пораснаа за повеќе од 4 отсто, што беше нивниот најголем дневен скок од почетокот на годинава, Во петокот утрото дополнителни се одлепија од најниските нивоа во последните 12 години. На американскиот пазар цената на барелот зајакна за 0,8 отсто, на 29,.75 долари.

Поддршка на пазарите даде и Европската централна банка (ECB), од каде во четвртокот, како и што се очекуваше, објавија дека ги задржуваат каматите непроменети на рекордно ниското ниво, но порача дека во март ќе ја разгледаат можноста за дополнително прилагодување на монетарната политика, имајќи го предвид превирањето на финансиските пазари и загриженоста поради Кина и другите пазари во формирање. Инвеститорите се надеваат и дека наскоро и јапонската централна банка Bank of Japan (BoJ) би можела дополнително да ја олабави монетарната политика за да го поттикне растот на тамошната економија.

А поради можното дополнително олабавување на монетарната политика од ECN, еврото беше под притисок. Цената на европската во однос на американската валута во петокот претпладнето падна на 1,0830 долари, додека вчера во истиот дел од денот изнесуваше 1,0900 долари. Доларот зајакна и во однос на јапонската валута, па неговата цена скокна од вчерашните 116,70 на 118,50 јени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП