18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСервисот Revolut пристигна во Македонија (видео)

Сервисот Revolut пристигна во Македонија (видео)

RevolutCard

Британскиот сервис чија мисија е да направи револуција во финансискиот систем, официјално објави дека од почетокот на годинава станува достапен и за граѓаните на Република Македонија.

Revolut е нов начин како инстантно да примате, испраќате и да трошите пари низ целиот свет без никаква банкарска провизија.

Revolut сметката може да се користи за да се реализираат купувања секаде, низ целиот свет, во било која валута, да се испраќаат пари преку SMS, eMail, WhatsApp или социјалните медиуми и во целиот тој процес да се заштеди бидејќи нема да има никакви банкарски провизии. Сѐ што е потребно за користење на ова услуга е паметен телефон (Android или iОЅ) и да се симне Revolut апликацијата од Google Play или AppStore.

RevolutCard1

Откако ќе го креирате вашиот профил, можете да трансферирате средства од вашата дебитна картичка/акаунт кон Вашиот Revolut акаунт и така добивате интернационална виртуелна сметка која можете да ја користите низ целиот свет.

Исто така, со само неколку клика може да ја нарачате Master Card Revolut картичката и истата физички да пристигне на вашата домашна адреса за неполни 15 дена. Со картичката може да плаќате на интернет и во продавница, во Македонија и во светот.

Со почетокот на годинава Revolut објави дека влегува во повеќе земји од регионот, а во Скопје наскоро ќе биде отворено и официјално претставништво на компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП