4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААРМ го објави новиот конкурс за пилоти

АРМ го објави новиот конкурс за пилоти

ipiloti

Министерството за одбрана на Република Македонија во петок го објави новиот Конкурс за пилоти во Армијата на Република Македонија.

„Ги повикуваме сите млади лица кои ги исполнуваат условите да се пријават за оваа уникатна можност да бидат пилоти во АРМ“, се вели во соопштението од Министерството за одбрана.

Селекцијата на кандидати за пилоти се состои од низа на тестирања и проверки кои кандидатите треба да ги поминат пред  да отпочнат со летачките активности. Проверката на здравствената и физичката подготвеност се први, потоа следуваат компјутерските тестирања и вежби, специјално прилагодени за професијата пилот, за на крај способноста на кандидатот да се потврди во 10 летови на авионот ZLIN-242L. Кандидатите кои успешно ќе ги завршат сите селективни тестови се здобиваат со статус на кадети и отпочнуваат со школувањето за воен пилот.

Центарот за обука на пилоти е еден од најсофистицираните центри од овој тип во светски рамки. Центарот поседува два full-motion симулатори на хеликоптерите Ми-8/17 и Ми-24, единствени од овој тип во поширокиот регион.

Заинтересираните кандидати можат да се запознаат со Конкурсот на интернет страницата на Министерството, www.morm.gov.mk и на Воената академија, www.ma.edu.mk.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП