19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАECB и растот на цените на нафтата ги поттикна вложувачите на Волстрит

ECB и растот на цените на нафтата ги поттикна вложувачите на Волстрит

Wall-Street1

На Волстрит во четвртокот цените на акциите умерено пораснаа, благодарејќи на силниот скок на цените на нафтата и надежите на вложувачите дека Европската централна банка (ECB) наскоро ќе воведе дополните поттикнувачки мерки.

Индексот Dow Jones зајакна за 0,74 отсто, на 15.882 поени, додека индексот S&P 500 порасна за 0,52 отсто, на 1.868 поени, а Nasdaq индексот за 0,01 отсто, на 4.472 поени.

Оддалечување на индексот S&P 500 од најниското ниво од октомври 2014 година, благодарејќи на добивките во седум од десетте сектори на овој индекс, при што најмногу, за 2,9 отсто, скокнаа цените на акциите во енергетскиот сектор.

Откако ден претходно потонаа на новите најниски нивоа во последните 12 година, во четвртокот цените на нафтата пораснаа за повеќе од 4 отсто, што е нивен најголем дневен скок во оваа година.

Поддршка на пазарите даде и Европската централна банка (ECB), од каде во четвртокот, како и што се очекуваше, објавија дека ги задржуваат каматите непроменети на рекордно ниското ниво, но порача дека во март ќе ја разгледаат можноста за дополнително прилагодување на монетарната политика, имајќи го предвид превирањето на финансиските пазари и загриженоста поради Кина и другите пазари во формирање.

Така, благодарејќи на скокот на цените на нафтата и најавите од ECB, индексот S&P 500 во еден момент беше во плус и повеќе од 1,5 отсто. Меѓутоа, до крајот на тргувањето загуби дел од добивките, поради несигурноста на вложувачите.

Поради превирањата на финансиските пазари, се очекува дека американската централна банка Federal Reserve (Fed) нема годинава да ги зголемува каматите толку брзо како до неодамна планираше, но тие нагаѓања не делуваат толку поттикнувачки на пазарите, бидејќи растот на американската економија во последно време забавува.

Ниту кварталните резултати на компаниите не охрабруваат. Така, во четвртокот, меѓу другото, инвеститорите беа разочарани од финансиските извештаи од синџирот кафе локали „Starbuks“ и компанијата за платежни картички „American Express“, па цените на нивните акции паднаа за повеќе од 3 отсто.

Имајќи ги предвид досега објавените резултати, во анкетата на Reuters аналитичарите предвидуваат дека добивката на компаниите од составот на S&P 500 индексот во четвртиот лански квартал паднала за 4,5 отсто во однос на истиот период претходната година. Тоа значи дека се заканува рецесија на добивката на заработките на американските компании. Имено поради ниските цени на нафтата, слабеењето на кинеската економија и високиот курс на доларот, заработките би можеле да паднат второ тримесечје по ред.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП