20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДавос од агол на уредникот на Ројтерс

Давос од агол на уредникот на Ројтерс

A WEF logo sits on display in a hall inside the Congress Center ahead of the World Economic Forum (WEF) in Davos, Switzerland, on Tuesday, Jan. 19, 2016. World leaders, influential executives, bankers and policy makers attend the 46th annual meeting of the World Economic Forum in Davos from Jan. 20 - 23. Photographer: Jason Alden/Bloomberg

Џон Фули уредникот на Ројтерс во интервјуто за РТС изјави дека финансискиот пазар е главна тема и за тоа жестоко се дебатира во Давос. На луѓето не им е јасно зошто, но очигледно е дека светскиот пазар зависи од кинескиот раст кој сега е забавен, вели Фули. Иако, некои експерти сметаат дека растот е побрз од очекуваниот, истакна уредникот Ројтерс.

Која е клучната порака која оваа година се испраќа од Давос?

Мислам дека се две главни пораки. Едната се однесува на пазарот. Луѓето се многу загрижени поради финансиите. Финансискиот пазар е главна тема и за неа многу жестоко се дебатира во Давос. На луѓето не им е јасно зошто, но очигледно е дека светкиот пазар зависи од кинескиот раст кој сега е забавен. Иако, некои експерти сметаат дека растот е побрз од очекуваниот. Доста се зборува и за Блискиот Исток, за Саудиска Арабија, за цената на нафтата во Арабија која располага со огромен буџет. Се разговара и за Иран кој се враќа на светскиот пазар и за тоа како тие два важни блискоисточни пазари ќе влијаат и делуваат на светскиот пазар воопшто.

Изгледа дека бегалската криза е голем проблем. Како да не може да се најде заедничко решение?

Имиграцискиот проблем би требало да не интересира сите. Меѓутоа, Давос не е место каде што може да се најде решение за тој проблем. Британскиот премиер говореше за Европската унија и за тоа дека Британија е многу загрижена поради бегалскиот проблем. Но Давос не е место каде што може да се зборува за тоа. Луѓето доаѓаат тука за да скијаат и добро да си поминат за викенд.

Но, ширум светот важи мислењето дека Давос е место каде ќе се креира овогодишната светска политика?

Тука се претставуваат компаниите кои сакаат да бидат лидери на светскиот пазар, да придонесат за развојот и иновациите во економијата. Факт е дека тука се собираат многу богати луѓе и претприемачи кои се договараат како да се насочат новите тенденции за економски развој и да се обезбеди квалитетен пазар во светот.

Како вие ги гледате главните промени во светската економија оваа година?

Еден од најважните предизвици е да се пропагира различноста. На пример, да се инсистира на поголемо ангажирање на жените, бидејќи ако погледнете дека само 18 делегати во Давос се жени, тогаш е јасно дека тоа е еден проблем.

Која земја е мала земја?

Јас мислам дека е најважно земјата да биде отворена. Тоа е најдобриот начин да се привлечат инвеститори. Потребно е да се обезбеди отворен пазар за инвеститорите, за обрт на капиталот со цел уште подобро да комуницираат со останатиот дел од светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП