27 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАТања Попова и Звонко Танески се добитници на наградата „Гоцева мисла“

Тања Попова и Звонко Танески се добитници на наградата „Гоцева мисла“

goce-poce

Во пресрет на 4 февруари, роденденот на Гоце Делчев, годинашната меѓународна награда „Гоцева мисла“ им се доделува на Тања Попова од Бугарија и Звонко Танески од Македонија.

Наградата ја доделува Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент“, а досегашни добитници беа Златко Крамариќ (Хрватска), Олга Панкина (Русија) и Даниела Костадиновиќ (Србија).

Наградата се доделува во чест на роденденот на Гоце Делчев и неговата знаменита мисла „Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите“.
Тања Попова наградата ја добива за севкупниот ангажман и придонес на планот на афирмацијата и презентацијата на македонската литература и култура во странство, посебно со нејзините бројни преводи на дела од македонски автори на бугарски јазик.

Додека пак, д-р Звонко Танески, исто така, наградата ја добива за бројните преводи на македонски автори и книги на словачки јазик. Танески сега живее и работи во Словачка и е огромен  и значаен неговиот ангажман и придонес на овој план.

Доделувањето на наградите е во рамките на традиционалната меѓународна манифестација Фестивал на чајот и читањето, која и годинава ќе започне на 4 февруари, роденденот на Гоце Делчев, а ќе заврши на 8 март оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП