26 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАШок прашања на интервјуто за работа

Шок прашања на интервјуто за работа

intervju4

Кој може да ви даде подобар совет како да се однесувате и што да кажете на разговорот за работа од експертите?

Еве како да одговорите на „шок“ прашањата , што е најдобро да облечете и сл.

Како да се подготвите за интервјуто?

Станете експерт: „Внимателно прочитајте го описот на работата за која се пријавувате и клучните работи кои се потребни за обавување на таа работа“, препорачува Рене Бернејс, консултант во компанија задолжена за пронаоѓање на квалификуван кадар. Потенцирајте ги вештините со кои владеете и кои се поврзани со тоа работно место.

Што да облечете?

Бидете паметни: „Тоа зависи од видот на работата за која аплицирате“, вели Рене. „За канцелариска работа најдобро е да одберете некакво прикладно одело и минимална шминка, косата секогаш мора да е уредна“.

Ако работата спаѓа во креативни работи, клучот за успехот е индивидуалноста. Модните додаци како што е ѓерданот или марамата се одлични за да направат да блеснете.

Како да покажете дека сте најдобрата личност за таа работа?

Бидете упорни: Испитувачите ќе го ценат секој кој во текот на интевјуто ќе покаже дека размислувал за проблемите кои можат да се развијат при обавувањето на таа работа.

Збунувачки прашања

Што да кажете кога на интервјуто за работа ќе ви постават премногу лични прашања…

Шок прашање 1: Дали размислувате да имате деца?

Ниту еден работодавец нема право да постави вакво прашање. Но, доколку тоа се случи, останете смирени и неутрални. Соодветниот одговор е: „Можеби за тоа ќе се одлучам некој ден“.

Шок прашање 2: На колку огласи за работа истовремено се пријавивте?

Бидете искрени. Тоа е одлична алатка за преговарање, бидејќи покажува дека вие сте во потрага, но и дека сте барани.

Шок прашање 3: Кои се вашите политички определби?

Работодавците не смеат да ги прашуваат потенцијалните вработени за нивната политичка определеност, но постојат и такви кои на шала на смеа ќе си прашаат. Соодветниот одговор на ова прашање е: „Сеуште немам завземено цврст политички став за некоја политичка партија“.

Шок прашање 4: Колку сте високи, колку тежите и сл.

Работодавците немаат потреба од вакви информации и токму поради тоа не сте обврзани да им одговорите на ваквите прашања. Културно насмевнете се и кажете дека не поседувате точни инормации за тоа. Воопшто не треба да ви биде непријатно, тоа се ваши лични работи за кои пред никого не треба да давате отчет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП