5 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на акцијата на Комерцијална банка

Раст на акцијата на Комерцијална банка

makedonska-berza-berzi-zvonce

Повторно на Македонската берза во четвртокот акцијата на „Комерцијална банка“ беше најбарана.

Вкупно 843 акции се истргуваа по цена од 2.307,34 денари и раст од 4,73 отсто во однос на референтната цена од претходниот трговски ден.

Лидер по промет беше акцијата на „Прилепска пивара“ АД Скопје со 2,75 милиони, денари при што 100 акции се истргуваа по цена од 27.500 денари.

Губитник на денот беше акцијата на „Стопанска банка“ АД Битола каде преку пет трговски трансакции се истргуваа 267 акции по просечна цена од 1.042,02 денари (7,79 отсто).

Индексот МБИ10 втор ден по ред расте и моментално изнесува 1.816,52 индексни поени (+0,72%), додека индексот на обврзниците ОМБ остана без променет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП